ОН усвои резолуција за хуманитарна помош за Сирија

Советот за безбедност на ОН синоќа од петти обид усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден граничен премин со Турција.
За резолуцијата гласаа 12 членки на СБ на ОН, а Русија, Кина и Доминиканската Република беа воздржани.
Со оваа одлука се стави крај на неколкудневните несогласувања меѓу Русија и Кина, од една страна, а другите 13 членки од друга страна, кои двапати гласаа да ги задржат двата премини од Турција, кои досега служеа за хуманитарна помош.
И двата пати, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата.
Германија и Белгија, кои предложија резолуција со два гранични премини, беа принудени да се повлечат откако Русија се закани дека повторно ќе стави вето, а најновиот нацрт на Русија предвидуваше отворање на само еден премин од Турција во наредната година.
Помошта беше одобрена еден ден откако истече дозволата за шестгодишната хуманитарна операција за Сиријците во северозападниот дел на земјата, последното упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб.
Ново на Сител
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
