Усвоени измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење
На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата усвои измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење, со што ќе се овозможи институциите да работат целосно дигитално со употреба на електронски потписи, соопшти владината прес-служба.
- Ова е итно решение со кое ќе се премости периодот до донесување на новите законски прописи кои ќе го регулираат електронското канцелариско и архивско работење, се наведува во соопштението.
Со измените во оваа Уредба, се појаснува во соопштението, ќе се премостат пречките со кои се судираат органите кои целат кон целосно дигитализирање на нивните интерни процеси.
- Една од пречките во досегашната Уредба е што таа уредува дека документот на имателот со кој се врши службена преписка со друг имател треба да содржи и отпечаток на службениот печат за иматели на јавен архивски и документарен материјал. Со измените, на институциите ќе им се овозможи службените дописи да ги потпишуваат со електронски потпис, а валидноста на електронскиот потпис да ја продолжат со употреба на електронски временски жиг, со што ќе се избегне задолжителното печатење на документите заради досегашната обврска документот да содржи отпечаток на службениот печат, се вели во соопштението од Владата.
Изменетата уредба е подзаконски акт од актуелниот Закон за архивски материјал. Новиот Закон за архивско работење, кој целосно ќе ја регулира дигитализацијата на канцелариското и архивското работење, во моментов се наоѓа на ЕНЕР и е отворен за коментари од јавноста.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
