Усвоена програмата за финансирање на здруженија и фонданции за активности за спречување со корона кризата
Владата вчера на седница ја усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.
Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на здруженијата и фондациите преку грантови во износ од 600 до 900 илјади денари за повеќе приоритетни цели.
Од владината прес-служба информираат дека дел од овие цели се информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на КОВИД-19, помош и поддршка на децата од социјално загрозените семејства и децата од руралните средини за учење од дома, помош и поддршка за грижата за стари лица, жртви на семејно насилство и други ранливи групи, како и набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво. Како приоритетни цели се наведени и едукацијата, директната помош и поддршката на лица со хронични или ретки болести, старите и изнемоштени лица, самохраните родители, сексуални работници/чки, директната поддршка за ранливите категории на работници/чки од ниско платени гранки, справувањето со дезинформации, лажни вести, стигматизација и говор на омраза….
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства ќе достават извештај за користењето на средствата до Генералниот секретаријат на Владата кој пак ќе достави извештај за реализација на оваа програма до Владата.
На вчерашната владина седница донесена е и одлуката за критериумите и постапката за распределба на овие средства.
Ново на Сител
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета