Усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година. Планот на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто со флексибилни, соодветно осмислени и навремени одлуки, во време на брзи промени и дигитална трансформација, придонесува за повисок животен стандард на граѓаните преку создавање амбиент на одржлив и инклузивен економски развој“.
-Преку деветте стратегиски цели, Народната банка и понатаму ќе им биде посветена на унапредувањето на процесот на спроведување на монетарната политика, на стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, на управувањето со девизните резерви, а сето тоа заради обезбедување услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги. Истовремено, со оглед на тоа дека живееме во време на забрзани промени на глобалната сцена, како резултат на процесите на глобализација, дигитализација, иновација, климатски промени и глобална здравствена пандемија, Народната банка стави акцент и на овие нови трендови во овие области, информираат од Народната банка.
Во фокусот на новиот Стратегиски план ќе бидат и финансиската едукација и инклузија, со оглед, како што велат од Народна банка, на важноста на зголемувањето на сознанијата за предностите од користењето различни финансиски услуги во време на технолошки иновации, како и зголемена свесност за ризиците, што, пак, би обезбедило поголема вклученост на населението и малите претпријатија во финансиските текови и олеснет пристап до финансии.
-Воедно, една од стратегиските цели е и развивањето на свесноста за климатските промени и давањето придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што би придонесло за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард. Со издвојувањето на стратегиска цел за транспарентност и отчетност, Народната банка ќе продолжи со активностите за навремено информирање на сите заинтересирани ентитети за своите одлуки, активности, согледувања и оцени, коишто се од значење за економските субјекти и граѓаните, вклучително и во процесите на носење одлуки, се вели во соопштението од Народната банка.
Стратегискиот план на Народната банка на Република Македонија, додаваат од НБ, претставува среднорочна рамка за следните три години, согласно со која ги остваруваат активностите и нивната визија да бидат препознаени како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција, којашто ужива висока доверба и кредибилитет во јавноста.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари