Свет
25. November 2018 - 14:03

Усвоен договорот за Брегзит, Британија се повлекува од Унијата

ЕУ едногласно го одобри договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ и политичката декларација.

Европската унија соопшти дека 27-те лидери го одобриле договорот за повлекување на Велика Британија од Европската унија како и политичката декларација за односите во иднина.

Ова го соопшти претседателот на Советот на унијата Доналд Туск по денешниот вонреден самит на европските лидери кој не траеше ниту еден час.