Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели
Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на политичката партија Левица во кој оспорена е Одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РСМ, Фадил Зендели, од 3 март 2022 година донесена од Собранието.Подносителот, како што се наведува во соопштението од Судот, смета дека оспорениот акт ја суспендира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело, дека не може пратеник да биде разрешен од работното тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, исто така подносителот наведува дека не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред.
-Според наводите во иницијативата подносителот смета дека Одлуката е во спротивност со членови (8 ст.1, 51,61 ст.2, 68 ст.1 алинеја 16 и чл.76 ст.1) од Уставот и дека е во спротивност со Законот за пратениците, членови(4, 6 ст.4, 10 ст.1, 12 ст.1, 20, членови од Деловникот 69 ст.2,79 ст.1,108 ст.1 и 2, 117 ст.2, 125 ст.1,184 ст.2, 2 ст.7 алинеја 3). Подносителот на иницијативата предлага до Судот да биде изречена времена мерка – привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт, се додава во соопштението.
Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето „Беса“ премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата. Поради блокадата на работата на Комисијата беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
