Уставниот суд не поведе постапка за членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија
Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови од судиите не поведе постапка за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Иницијативата е поднесена од Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност.
Уставните судии кои зборуваа за иницијативата сметаат дека нема место за поведување постапка и оти Законот за амнестија треба да остане во правниот поредок.
Судијата известител Владимир Стојановски меѓу другото рече дека Уставниот суд не може да се стави во улога на Парламентот и да определува кого да амнестира.
Подносителот на иницијативата Чавков смета дека селективната амнестија ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Уставот.
Кадриу кажа дека амнестијата е во надлежност само на Собранието, додека помилувањето и аболицијата се во надлежност на претседателот на државата.
-Амнестијата се дава со закон што го носи Собранието и не се дава на лица со име и презиме, туку групно за конкретни кривични дела, рече Кадриу, додвајќи дека ова е 6-ти закон за амнестија донесен од Парламентот.
Меѓу амнестираните за „крвавиот четврток“ беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, кои беа обвинети дека ги отвориле вратите и ги насочувале лицата со фантомки и другите граѓани кон пленарната сала и кон прес-центарот во Собранието на 27 април.
Меѓу амнестираните беа и водачите на протестите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа обвинети дека со своите говори ги повикале граѓаните да влезат во законодавниот дом.
Судот во Скопје изрече казна во времетраење од вкупно 211 години на 15 обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 години за загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, а останатите добија од осум до 15 години затвор. Ослободителна пресуда за „27 април“ доби оперскиот пејач Игор Дурловски.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти