Уставниот суд на Германија одлучува за забрана на неонацистичка партија

Највисокот суд во Германија денеска заочнува сослушување по кое треба да одлучи дали по третпат од Втората светска војна ќе забрани постоење на политичка партија. Во случајот пред федералниот суд ќе се расправа дали антиимигрантската Национално Демократска партија (НПД) е закана за демократијата во Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Владата на канцеларката Меркел формално не е дел од правниот процес, но ја поддржува идејата иницирана од горниот дом на парламентот, Бундесратот кој го сочинуваат претставници на 16 германски федерални држави.
Критичарите на идејата за забрана на НПД велат дека партијата која сега има само околу 5000 членови би можела да добие поширока национална поддршка а нејзините лидери да ги претвори во маченици за нивната расистичка кауза.
НПД која е формирана во 1964 година е наследник на неофашистичката „Германски Трет рајх“ на последните избори освои 1,3 % од гласовите а никогаш не била ни близу влез во парламентот за што се потребни 5 %.
НПД има свои претставници во покраината Мекленбург - Померанија и во многу градски совети пртетежно во екс коимунистичките делови на Германија. Еден од нејзините лидери Одо Воит кој стана европратеник победи на последните избори за европарламентот во интервју за германските медиуми го прогласи Хителр за „голем државник“.
На сослушувањето во Уттавниот суд на Германија ќе учествуваат петмина премиери на федералните држави. Тие заедно со министри за внатрешни работи и други федерални и безбедносни претставници треба да докажат дека НПД работи надвор од уставот и законите.
Процесот ќе трае 3 дена, до среда, во Карлсруе, седиште на германскиот уставен суд.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
