Уставната комисија на турскиот Парламент одобри промени на Уставот
Уставната комисија на турското Големо народно собрание го одобри Предлог-законот со кои се предвидуваат промени на Уставот на Турција.
Како што јави агенцијата Анадолија, со ваквата одлука на Комисијата се отвора патот за собраниска дебата за уставните реформи во земјата и изјаснување на Парламентот по предлогот.
Согласно законската процедура, доколку Парламентот го усвои Предлог-законот за промена на Уставот, треба да се огранизира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали ги прифаќаат уставните измени.
Референдимот се очекува да се одржи во текот на претстојната пролет.
Со уставните измени се предвидува зголемување на надлежностите на шефот на државата, со што практично сегашниот парламентарен систем во Турција ќе биде заменет со претседателски.
Противниците на измените оценуваат дека тие се носат по желба турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, која на овој начин сака и законски да ја регулира реалната политичка моќ која ја има.
Ново на Сител
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот