Уставен суд им ги намали платите на Османи, Шекеринска, Спасовски, Анѓушев и Лика
Уставниот суд на Република Македонија укина дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и утврди дека функцијата потпретседател на влада не постои во правниот промет на Република Македонија и со тоа не може да се пресметува посебен коефициент на плата за таа функција.
Ваквата одлука на Уставниот суд следува по иницијативата на политичката партија Левица. Инаку, ова значи дека на актуелните вицепремиери Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика платите ќе им бидат намалени.
„Правниот тим на Левица со усвоената иницијатива од страна на Уставниот суд на РМ успеа да го укине коефициентот за плати на непостојната функција вицепремиер. Со ова петтемина потпретседатели на Владата – Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика – остануваат со помали плати во иднина“, напиша Димитар Апасиев од Левица.
Тој најави дека следна цел на партијата ќе биде укинување на апанажата на јавните функционери.
Во одлуката на Уставниот суд, меѓу другото, е наведено дека од анализата на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката произлегува дека законодавецот определил коефициент за утврдување плата на претседателот на Владата, на потпретседателот на Владата и на членовите на Владата.
Меѓутоа, стои во одлуката, од одредбите на Уставот и Законот за Владата произлегува дека Владата ја сочинуваат претседателот на Владата и министрите и дека не постои функција потпретседател на Влада. „Оттука произлегува дека со Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката им се утврдува коефициент за утврдување плата за функција што не постои во Република Македонија“, пишува во одлуката.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници