Македонија
16. November 2017 - 13:39

Уставен суд го укина Законот за одредување на казните

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да биде укинат Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Судиите констатираа дека Законот е уставно проблематичен и затоа треба да биде укинат.

Одлуката за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, кој беше донесен во 2014 година, ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службен  весник.