Уставен одлучи: Земјоделците може да ги добијат субвенциите
Исплатата на субвенциите може да продолжи. Уставниот суд донесе времена мерка со која ја блокира забраната, односно спорните одредби од двата закони кои не дозволуваат исплата на субвенции до формирањето на Влада.
Со мнозинство гласови од уставните судии денеска беше поведена постапка за оценување на уставноста на членот 8А од Изборниот законик и членот 11 од Законот за спречување на корупција. Се до донесување на конечната одлука нема законски пречки субвенциите да се исплаќаат.
Иницијативата за оспорување на одредбите, до Уставниот суд пред извесен период ја поднесе земјоделскто здружение Агротиквешија. Земјодлеците повеќе пати апелираа надлежните институции да изнајдат решение со кое ќе ги добијат парите кои им се повеќе од неопходни.
Од Министерството за финансии велат дека суште ја немаат добиено одлуката од судот. Штом ќе ја добијат соодветно ќе постапат. Претходно министерот за финансии изјави дека ако судот ги оспори одредбите од законот исплатата може да продолжи.
Пари за оваа намена има обезедено.
Исплатата на субвенциите е стопирана повеќе од половина година. Државата им должи на змејоделците мал дел на субвенции од 2015 кои први треба да се исплатат, како и субвенции од минатата година.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
