Македонија
14. September 2018 - 16:04

Уставен ќе одлучува за уставноста на референдумот- предлагачите и аналитичарите со поделени мислења за исходот

Единствено правилна одлука што може да ја донесе Уставниот суд е да ја поништи Одлука за распишување на референдумот на 30 септември. Ова е очекувањето и на Левица и на Светскиот македонски конгрес кои пред Судот што го брани највисокиот правен акт ја оспоруваат уставноста и законитоста на референдумот за името. Уставниот суд в среда, само 10 дена пред самиот рефрендум,  ќе одлучува дали да ги прифати иницијативи против Одлуката за граѓанско изјаснување по повод Договорот со Грција, но и за времената мерка да се стопира целиот процес.

За Левица постојат три главни аргументи зошто Одлуката за референдумот е противуставна и спротивна на Законот за референдум: овој документ ги нема сите делови што треба да ги има, се работи за манипулативно и повеќезначно прашање и трето, дека рефрендумот се однесува и на сојузништвото со Европската унија што подлежи под други правила за одлучување.

За разлика од него, аналитичарот Петар Арсовски смета дека мали се шансите Уставниот суд да ги прифати инцијативите, а политичките последици од одлуката на Уставнииот суд, каква и да е, може да има влијание на самиот референдумски процес

Пред Уставниот суд, веќе еден месец, стигнати се три  различни инцијативи со кои се оспорува Одлуката на парламентот од 30 јули за распишување на референдумот.