Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
Уставните судии контра судиската фела. Им го одбија предлогот на судиите и членовите на судски за враќање на коефициентите по кои се пресметуваат нивните плати. На денешната седница, Уставен одлучил да не поведе иницијатива, бидејќи неодмана донесениот закон со помали коефициенти, не ги крател нивните плати. Напротив, тие повторно растеле, а во моментов, имале и највисоки примања во државата.
Иницијативите за преиспитување на законот за плати ги поднесоа Судскиот совет и здружението на судии. На Уставен му пишаа дека кратењето на коефициентите е незаконско, а тоа ја нарушувала и независноста на судската власт.
Судиите лани, токму со одлука на Уставен суд добија покачување од 78 проценти откако укина членови во два закона по кои се пресметуваат нивните плати. Па така наместо според основица, платите на судиите почнаа да се пресметуваат според просечната бруто плата помножена со коефициент кој сега се движи од 2,4 до 3,4. Со одлуката, функционерите и судиите добија покачување од околу 70 илјади денари.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар