Успешно спроведен проектот „Поддршка на Секретаријатот за европски прашања“
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми заедно со германскиот амбасадор Кристине Алтхаузер присуствуваа на свеченото затварање на проектот „Поддршка на Секретаријатот за европски прашања“ успешно спроведен од страна на Германската агенција за меѓународна соработка-ГИЗ и Секретаријатот за европски прашања.
Како што соопшти СЕП, во своето обраќање Адеми ја истакна важноста на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, како и поддршката од германската Влада во спроведувањето на неопходните реформи за продолжување на евроатлантски пат, кој останува наша стратешка цел.
- Секретаријатот за европски прашања како главно координативно тело на Владата на Република Македонија, во последните две децении, постојано ја имаше поддршката од Германија во процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ и имплементација на потребните реформи како за земјата така и за нејзиното пристапување кон европското семејство, рече Адеми.
Проектот траеше три години и во текот на неговото спроведување беа реализирани над 40 активности, во кои преку работилници, обуки и презентации учествуваа околу 1.600 лица, а беа објавени низа студии и публикации за потребите на Секретаријатот и други државни институции.
Ново на Сител
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден
-
Трагедијата во Кочани во фокус на партиските обвинувања
-
Во странски центри на лекување се 44-ца повредени во пожарот во клубот во Кочани
-
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Што е тоа што ве тера да ја понижувате државата?
-
Ристески: Со објавувањето на цените на производите на интернет очекуваме голем бенефит за граѓаните, нема простор за одложување на оваа мерка
-
Зелени површини против загадувањето во Струмица, нов парк наместо трговски центар
-
Преглед на вестите од светот