Успешна фестивалска сезона на краткиот филм „Брат за еден ден“
Краткиот игран филм „Брат за еден ден“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на „Лунар и Дрим Фектори“ имаше успешна летна фестивалска сезона. Беше во селекцијата на Arroios film festival во Лисабон, во официјалната селекција на Los Angeles CineFest во САД, пред неколку дена беше и дел од фестивалот Sila во Италија, a фестивалскиот успех го заврши со премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
- „Брат за еден ден“ е приказна од нашиот град, нашите улици, нашето маало, а сепак може да се случи секаде. Модерно тричлено семејство, во трка со време и пари, малку време и посветува на својата седумгодишна ќерка, Ања. Немаат ни време, а ни нерви да се објаснуваат со неа па затоа добива се што сака, само за тие „да си купат мир“, соопшти продукцијата.
Главните улоги ги толкуваат седумгодишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски. Филмот, кој финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија, се снимаше минатата година во Скопје.
Директор на фотографија е Димо Попов, костимограф Раде Василев, автор на музиката е Оливер Димитров. Режисерот Вујичиќ деновиве го заврши својот нов краток филм „Допир“, а подготвува и игран филм со наслов „Стела“.
Ново на Сител
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево
-
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
-
Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
-
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
-
Четириесет проценти од младите до 18 години пушат - бројките се алармантни
-
СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика