-->
-->
Успех или неуспех, Лев останува германски селектор
-->
Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, ќе остане на функцијата сѐ до крајот на договорот, односно до јули 2018 година, објави Фудбалскиот сојуз на Германија (DFB).
Германските медиуми шпекулираа дека Лев можеби ќе си поднесе оставка по елиминацијата во полуфиналето на ЕУРО 2016, меѓутоа челниците на DFB му дадоа безрезервна поддршка.
„Останувам при тврдењето кое го изнесов уште пред ЕП, дека Лев е најдобриот тренер за оваа екипа. Тој ја има нашата целосна доверба. Од почит кон него му оставивме неколку денови да размисли“, рекол претседателот на DFB, Рејнард Гриндел.
Медиумите и навивачите најмногу го критикуваа Лев поради дефанзивната тактика во четвртфиналето против Италија, но и поради поразот во полуфиналето од Франција.
„Сите бевме разочарани поради поразот во полуфиналето, но репрезентацијата не разочара. Имавме најмлада репрезентација на турнирот, со најголем потенцијал. Сигурен сум дека во иднина овој тим ќе ни овозможи да се радуваме“, дополнил Гриндел.
Лев стана селектор на Германија по СП во 2006 година и во неговиот мандат на три европски и две светски првенства Германија секогаш играла најмалку во полуфиналето. Во 2014 година Германија со Лев на клупата ја освои титулата светски првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Бидете сигурни, во Србија нема да се случи „македонско сценарио“
-
Фатен 30 годишен струмичанец кој избегал од штипскиот затвор
-
Замисли“ и земи кредит до 60.000 денари со 0 проценти камата и без трошоци
-
28 годишен Албанец неуспешно бегал од полиција, во возилото пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЦУ: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
-
ОЈО со детали: Над 9 милиони денари штета од пожарот во Адвокатската комора
-
Најстудено на Попова Шапка