Условни казни за деветмина обвинети за нередите во Собранието
Деветмината обвинети за нередите во Собранието на Република Македонија на 27. април добија условна казна.
![]()
На осуммина обвинети на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд им беше изречена условна казна од шест месеци доколку не го повторат делото во рок од една ипол година, а само на еден од обвинетите му беше изречена условна казна од 1,6 години доколку во рок од пет години не направи ново кривично дело.
На денешното судско рочиште сите обвинети ја признаа вината за делото за кое што се товареа, односно „за учество во толпа што ќе стори кривично дело и учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства“.
Судот притворот им го укина и на обвининетите на кои претходно им беше изречена таква мерка.
Деветмина обвинети денеска пред Судот ја признаа вината и повеќето од нив се изјаснија дека се нашле на погрешно место во погршно време.
За насилствата во Собранието на Република Македонија осомничени се 30-тина лица.
Во настаните на 27. април беа повредени неколкумина пратеници меѓу кои најтешко лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните.
Првото судско рочиште требаше да се одржи на 18. мај, но беше одложено за денеска поради неприсуство на еден од обвинетите кој требаше да биде донесен од домашен притвор.
Пред Судот утрово имаше групата на поддржувачи на обвинетите лица.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
