Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата

Украинскиот боксерски првак, 39-годишниот Олександр Усик објави денеска дека се откажува од сите свои шампионски појаси, но нагласи дека тоа не значи крај на неговата професионална кариера.
Непоразениот Усик, кој има рекорд од 25 победи од исто толку борби во професионалниот бокс, во моментов е сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA (Super), WBC и IBF.
„Ова е внимателно разгледана одлука за која сум сигурен дека ќе ми отвори нови можности. Ова не е крај на приказната. Продолжението допрва доаѓа“, напиша Усик на социјалната мрежа Икс.
Во видеопорака, тој ги објасни причините за својата одлука.
„Сакам да се откажам од сите појаси што ги поседувам во моментов, за да можат боксерите што се следни во редот да се борат за нив. Пријатели, ги напуштам појасите, но не и спортот, бидејќи го чекам мојот последен танц“, порача Усик.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
-

„Њујорк Тајмс“: САД ги предупредиле иранските преговарачи Арагчи и Калибаф дека се можни израелски цели
-

СП 2026: Шпанија без проблеми до осминафиналето
-

Ивановски и Марковски денеска пред нови предизвици на Macedonian open 2026
-

СП 2026: Во неизвесен натпревар со поништени голови Португалија ја совлада Хрватска за осминафинале
-

Сирија ја отфрли можноста за воена интервенција против Хезболах во Либан и покрај повиците на Трамп
