Уште утре фрлање вакцини против беснило кај лисиците

Утре завршува реализацијата на есенската кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за орална вакцинација на лисците против беснило. Акцијата почна на 11 октомври од спортските аеродроми во Скопје и Штип.
Заклучно со утрешниот ден авионски ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови.
Вакцините содржат атенуиран вирус на беснило и се наменети исклучиво за имунизација на лисици. Со нив не смее да се врши имунизирање на домашните животни. Миризбата од мамката може да ги привлече домашните миленици и тие да ја конзумираат мамката.
- Сопствениците на домашните миленици во текот на кампањата и две недели по фрлањето на вакциналните мамки да не им дозволат слободното движење на кучињата и мачките во регионите каде се врши или е извршена вакцинацијата. Граѓаните да внимаваат при движење во природа и ако најдат мамка никако да не ја допираат, апелира АХВ.
Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи ослабен вирус на беснило и биолошки маркер - тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата.
- Апелираме мамката да не се допира, но, доколку сепак граѓаните дојдат во контакт со неа, таа треба внимателно да се отстрани и да се остави во помалку населена област, каде ќе биде неможно да дојде во контакт со деца. Ако се случи граѓаните да дојдат во контакт со течната содржина од капсулата, неопходно е рацете да се измијат со голема количина сапун и вода, во траење од најмалку пет минути и задолжително веднаш да појдат на лекар. Мамката внимателно треба да се земе со ракавица или кеса и да се понесе со себе, наведува Агенцијата.
Детално упатство за постапка доколку дојдете во контакт со вакцинална мамка може да се преземе од веб страницата на АХВ.
По реализација на вакциналната кампања против беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација.
Тринаесеттата вакцинација на лисиците против беснило Агенцијата ја реализира со финансиска поддршка од Европската унија.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
