Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери

Бројот на жртви од пожарот што го зафати Домот за пензионери во Тузла во вторникот вечерта се искачи на 12.
Повеќе од 30 лица побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, потврди градоначалникот Зијад Лугавиќ.
Граѓаните палат свеќи во чест на жртвите. Денеска е ден на жалост во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Зијад Лугавиќ изјави дека меѓу повредените во пожарот има жители и вработени во Домот, полицајци, пожарникари и медицински техничари.
Според него, Градскиот совет ќе одржи вонредна седница во врска со трагедијата.
Директорот на Домот за пензионери во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од својата функција, потврди институцијата за грижа за стари лица за порталот Кликс.
Пожарот избувнал во вторникот вечерта, во 20:45 часот на седмиот кат од Домот за пензионери во Тузла, а бил локализиран по 22 часот.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
МИА
Ново на Сител
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
