Македонија
18. December 2016 - 13:48

Уште една несреќа на Попова Шапка - Девојка пренесена со хеликоптер во болница

Страшна несреќа се случи во текот на вчерашниот ден на Попова Шапка, поточно на Титов Врв. Полицијата денеска информира дека во 13 часот и 25 минути било пријавено дека на планината Попова Шапка на Титов Врв на местото „Бакардан“, женско лице се лизнало и паднало во дол, при што се здобило со повреди.

За среќа, девојката не била во животна опасност. Се работи за 34-годишната Д.Д.П. која со хеликоптер е пренесена во болницата „8-ми Септември“-Скопје за укажување на лекарска помош.