Балкан
8. July 2016 - 18:38

Уште една актер замина во легендите

 
 
 
 
Актерот од Народниот театар во Ужице, Светислав Бата Јелисавчиќ починал синоќа во 57-та година по тешко боледување, пренесуваат српските медиуми.
 
Тој бил член на ансаблот на театарот од 1996 година, а во изминатитите две децении играл во 25 претстави, а остварил и неколку улоги во ТВ серии, „Рамна гора“, „Среќни луѓе“, „Село гори, а баба се чешла“, „Љубов, навика, паника“…
 
-Изгубивме одличен актер, уште подобар човек. Беше радост да се биде колега со него во секој проект, ќе ни недостасува неговата позитивност, изјавил уметничкиот директор на театарот.
 
Актерот ќе биде погребан утре во 14 часот.