Уште еден случај на затруено дете во Куманово

Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља кое испило таблета. Од болницата кажаа дека детето е во добра здравствена состојба.
- Вчера во 15:20 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од село Отља, Липковско, кое испило таблета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Од кумановската болница потврдија дека детето било примено вчера на педијатрија.
- По извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, детето било стабилизирано, дадена му е потребната терапија. Во моментот е во стабилна состојба. Понудена е хоспитализација, родителите не сакале, отпуштено е и е во добра здравствена состојба, изјави директорот на болницата, Сашо Стошевски.
Во август годинава во болницата беше донесено четиригодишно дете кое испило детергент. Во јули, пак, имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
