Уште еден шок во филмскиот свет: Почина режисерот на најстрашниот хорор филм на сите времиња
Американскиот режисер Вилијам Тоуб Хупер почина во Шерман Оукс во 75. година. Режисерот беше познат по класиците „Тексашки масакр во моторна пила“ и „Полтергајст“. Околносите за смртта не се објавени.
Хоророт „Тексашки масакр со моторна пила“ од 1974 година стана еден од највлијателните хорор филмови на сите времиња поради реалистичниот пристап.
Приказната за групата пријатели који несреќно налетуваат на група канибали поради насилството е забранет во некои земји, но како филм стана еден од најпрофитабилните оставарувања на независната продукција во САД во текот на 70-тите.
Ликот на главниот негативец Ледерфејс е заснонав на серидкиот убиец Еди Гајн. Во продлжението од 1986, „Тексашки масакр со моторна пила 2“ применет е по комедиографски пристап.
Класик од жанрот е и филмот „Полтергајст“ од 1982 година, во кој Стивен Спилберг беше продуцент и сценарист, а кој ја следи борбата на семејство со дух која ја запоседнал куќата. Филмот таа година бил осми по заработка.
Потоа Хупер ги режираше филмовите "Lifeforce" и "Invaders from Mars".
Неговата адаптација на книгата "Salem's Lot" од Стивен Кинг често се наведува како врв на телевизиските хорори. Дводелната мини серија ја комбинира ноќната сапуска опера со готичка атмосфера на класичниот хорор и подоцна со помали промени е пуштена во кино салите ширум Европа.
Продолжи да снима филмови, а последниот филм "Djinn" од 2013 се случува во Обединетите Арапски Емирати.
Надвор од филмот, беше автор спотот за песната "Dancing With Myself" на Били Ајдол, а 2011 година и коавтор на постмодерниот хорор роман "Midnight Movie" во кој се појавува како главен лик.
Хупер се родил во Остин, Тексад и предавал на иниверзитетот пред да помине на филм.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии