-->
-->
Уште еден рекорд и Б норма за Рио за пливачката Богдановски
-->
Македонската пливачка Анастасија Богдановски и на вториот настап на СП во пливање во Казањ постави нов македонски рекорд и обезбеди уште една Б норма за Олимписките игри во Рио. Таа денеска во квалификациите на 100 метри слободно исплива 56.12 секунди и за 24 стотинки го подобри македонскиот и сопствен рекорд (56.36) поставен пред една година во Сент Мери.
Истотака таа овој резултат исполни норма по 200 слободно и во оваа дисциплина бидејќи нормата Б изнесува 56.34 секунди.
Богдановски се пласира на 35 место во конкуренција на 90 пливачки. Најдобро време (53.22) во квалификациите имаа Сара Сјостром и Кејт Кембел.
Во недела на последниот ден настап (втор) ќе има и Марко Блажевски во квалификациите на 400 метри мешано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници