-->
-->
Уште еден косовски Албанец убиен во Сирија
-->
Уште еден Албанец од Косово, кој се борел на страната на групата Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија.
Станува збор за лице од селото Палабард во општина Ѓаковица, чие семејство ја потврдило веста. Засега не се знае точна кога тој заминал за Срија и местото каде што е убиен.
Поранешниот косовски министер за внатрешни работи Скендер Хисени лани пред парламентарна комисија изјави дека според информаците со кои располага Приштина, во Сирија и Ирак загинале 57 граѓани на Косово.
Според него, на боишта во двете блискоисточни земји заминале над 300 Косовци, од кои околу 70 биле активни борци на страната на ИД, Од вкупниот број Косовци што заминале на подрачјата што беа под контрола на ИД во Сирија и Ирак, имало и 38 жени и 27 деца
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно