Уште две дојави за бомби во скопски училишта, вкупно осум
Уште две училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби, откако МВР информира дека претходно денеска вакви заккани по електронска пошта добиле шест скопски училишта.
Денеска во СВР Скопје околу 14:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, велат од МВР и додаваат дека околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени