Уште две деца бегалци се удавија во Егејското Море

Две деца бегалци минатата ноќ се удавиле во Егејското Море во близина на островот Кос, јавија грчките медиуми.
Двете деца се удавиле по бродоломот што се случил минатата ноќ на 250 метри од северниот брег на Кос, соопшти локалната полиција, додавајќи дека бродот испловил од Турција.
Телото на едното дете е пронајдено утрово, додека по она на вториот шестгодишник се уште се трага.
Таткото на едно од удавентите деца, кој е меѓу 14-те спасени лица од бродоломот, изјавил дека не успеал да го спаси својот син, па го оставил неговото тело за да може да им помогне на останатите имигранти кои се давале.
Во меѓу време, на северниот дел на островот Лезбос, кој е главен влез за имигрантите во Европа, денеска се одржуваат протести против европската политика кон бегалците, од кои е упатен апел за нејзина промена со цел да им се гарантира безбедност на имигрантите.
На Лезбос за денеска е најавена посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
