Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина
На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти.
Руските војници Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин, на судењето во североисточниот украински град Котелево, се изјаснија за виновни.
Доколку тие бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години.
Нивниот адвокат побара осумгодишна казна, бидејќи тие извршиле наредби од офицери.
– Признавам што направив, жалам за делата што ги стори нашата војска, верувам оти војната ќе биде завршена и дека ќе дојде мирот, што сите го чекаме, изјави Бобикин на крајот од сослушувањето.
Иванов не кажа ништо.
Судењето продолжува на 31 мај.
Првото судење во Украина за воено злосторство од почетокот на руската инвазија, заврши со изречена казна доживотен затвор за 21-годишниот Вадим Шишимарин. Тој е осуден поради убиство на невооружен цивил.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска