Уште два дена пријавување за реонски попишувачи и инструктори
Утре завршува јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите.
Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.
Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.
Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190 359 лица од дијаспората.
Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
-

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
