-->
-->
УС Опен: Втора титула за Ѓоковиќ во Њујорк
-->

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ победи на УС Опен откако во финалето ноќеска го совлада вториот играч на светот Рожер Федерер со 3:1 во сетови (6:4; 5:7; 6:4; 6:4).
Ова за Ѓоковиќ е втора титула освоена во Њујорк (првата во 2011).
Дуелот подобро го почна Ѓоковиќ кој оствари водство, а потоа Федерер кој го крена нивото на игра успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Во третиот и четвртиот сет повторно нијани решаваа за подобриот во овој случај Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ по 10.ти пат освои Грен слем титула, а оваа година играше во финалето на сите четири Грен слем турнири и победи во Мелбурн, Лондон и Њујорк, а загуби само во Париз од Вавринка.
По триумфот Ѓоковиќ изјави:
- Беше многу тежок меч.Знаев дека ќе биде агресивен и дека нивото на неговата игра нема да паѓа. Знаев дека мора да играм така за да го освојам овој пехар. Ова беше неверојатна вечер за мене.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
