-->
-->
УС Опен: Вавринка го „крена“ пехарот во Њујорк
-->

Швајцарскиот тенисер Стан вавринка е победник на годинашново издание на УС Опен откако ноќеска во финалето во четири сета со 3-1 го совлада ланскиот шампион Новак Ѓоковиќ од Србија. Ова за Вавринка е трет триумф на Грен Слем турнир во неговото трето финале. Претходно има победи на Австралија Опен (2014) и на Ролан Гарос (2015).
Финалниот меч не почна добро за победникот бидејќи Ѓоковиќ го доби првиот сет во тај брек со 7:6 (7:1), но следните три му припаднаа на Вавринка со 6:4; 7:5 и 6:3.
Ѓоковиќ остана со 12 Грен слем титули, а го забележа петтиот пораз во седмото финале на Флешинг Медоу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
