УС Опен ќе се одржи и покрај мерките во Њујорк
УС Опен нормално ќе се одржи од 29 август до 13 септември, и покрај новите мерки во Њујорк, според кои сите големи настани во овој град ќе бидат забранети до септември. За да се спречи епидемијата на коронавирус, надлежните во „големото јаболко“ забранија одржување на големи собири, но тоа не важи за УС Опен, кој ќе се игра зад затворени врати.
Градоначалникот Бил де Бласио потврди како гостин на Си-Ен-Ен дека се донесени нови мерки, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата.
– Сите големи настани се откажани до септември“, потврди Де Бласио и потоа објасни за што станува збор: „Тоа значи дека сите улични саеми, големите концерти на отворено, паради се откажани … Во овој град нема илјадници луѓе, туку стотици илјади. Едноставно не е време за тоа сега“.
Тој тогаш истакна дека тенискиот Гренд-слем ќе се одржи според редовната програма, исто како и дуелот на познатите њујоршки бејзбол тимови – Јенкис и Метс.
– Тоа ќе биде еден од настаните каде ќе има спортски активности што сите ги сакаме, но без публика. Луѓето ќе гледаат на ТВ, ќе ја одржиме традицијата, но исто како и со Јенките и Метс – бејзболот ќе се врати, тенисот ќе се врати, но нема да има публика, заклучи Де Бласио.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
