-->
-->
УС Опен: Италијанско финале на женскиот турнир
-->
Италијанката Роберта Винчи приреди една од најголемите сензации во историјата на женскиот тенис, откако во полуфиналето на УС Опен, по два часа игра, славеше над апослутната фаворитка Серена Вилијамс со 2:6, 6:4, 6:4. Во сеиталијанското финале Винчи ќе игра против Флавија Пенета која претходно ја збриша вторта носителка Симона Халеп со 6:1, 6:3.
Италијанката која се наоѓа на 43-то место на ВТА листата, не само што ја забележа најголемата победа во кариерата, стигна во 33-та година од животот да се бори за Грен слем титула и во исто време ја спречи Серена да комплетира календарски Грен слем (Серена претходно победи на Аустралијан Опен, Ролан Гарос и Вимблдон).
Винчи добро влезе во мечот прва успеа да стигне до брејк и да поведе со 2:1, но следуваше жесток одговор на Серна која ги доби наредните четири гема и лесно го освои првиот сет.
Откако беше декласирана во првиот сет Италијанката заигра на се или ништо максимално го подигна нивото на својата игра и веќе во првиот гем стигна до три брејк топки кои не успеа да ги реализира.
Она што не успеа во првиот, Италијанката го направи во петиот гем направи брејк и потоа со сигурна игра успеа да стигне до 6:4 и до израмнување.
Сличен тек на настаните имаше и решавачкиот сет, Винчи ја разбиваше играта на Серена со својот слајз бекхенд, а Американката целосно подлегна на притисокот и беше далеку од своето најдобро издание.
Винчи во седмиот гем успеа даи го одземе сервисот на противничката и да стигне до својот најголем успех во кариерата.
„Ова е нверојатен момент за мене, јасм во финалето, ја победив Серена. За мене ова е неверојатен момент. Многу работи ми се вртеа во главата, го загубив првиот сет но се вратив, се обидував да не размислувам за Серена, многу работи ми се вртеа по главата кога сервирав за мечот. Ова е најдобриот момент во мојот живот. Кога се разбудив си нреков оди играј полуфинале и уживај во мечот против Серена, не размислував дека можам да победам. Жалам што се излезе вака, поради Американците поради Серена која не успеа да го комплетира Грен слемот, озвинете луѓе но ова е мој ден“, рече низ солзи пресреќната Роберта Винчи, која потоа со бурни овации беше испратена од Централниот терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење