Тенис
12. September 2015 - 9:24

УС Опен: Ѓоковиќ загуби три, а Федерер осум гема за влез во финале

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер на убедлив начин стигнаа до финалниот меч на УС Опен. Во полуфиналните мечеви буквално ги „растурија“ своите ривали.

Ѓоковиќ на Марин Чилиќ му препушти само три гема - 6:0; 6:1 и 6:2, додека Федерер беше нешто „подарежлив“ за сонародникот Стан Вавринка - и го победи со 6:3; 6:4 и 6:1.Ланскиот шампион на УС ОПен Чилиќ настапи со повреден скочен зглоб.
Ова воедно ќе биде можност Ѓоковиќ да му се реваншира на Федерер за поразот во финалето во Синсинати и сега може да го изедначи скорот во победи во меѓусебни дуели - 21:20 за Федерер.