Ураганот Хосе се приближува кон САД, издадено предупредување за тропска бура
Предупредување за тропска бура е објавено за дел од американската област Нова Англија, додека ураганот Хосе се приближува кон североисточниот брег на САД.
Националниот центар за урагани на САД, со седиште во Мајами, соопшти дека предупредувањето стапи во сила за делот кој се протега од Воч Хил во американската сојузна држава Роуд Ајланд до местото Хал во сојузната држава Масачусетс.
Се очекува дека бурата ќе остане вон брегот, но се предупредува дека во наредните неколку денови можни се крајбрежни поплави на подрачјето од сојузната држава Делавер до североисточната област Нова Англија.
Од Центарот во Мајами наведуваат дека се очекува мала промена на јачината во наредните 24 часа и дека бурата подоцна малку ќе ослабне.
Најсилните ветрови денеска беа речиси 120 километри на час.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси