Loading Video...
Свет
15. September 2018 - 19:24
Ураганот Флоренс однесе 5 животи во САД
Ураганот Флоренс , пред да ослабне во тропска бура однесе најмалку 5 животи во американската сојузна држава Северна Каролина. Мајка и бебе се меѓу жртвите.Тие загинале кога дрво паднало врз нивната куќа во Вилмингтон , поради силниот ветер соопшти противпожарните служби. Паднати дрвја, оштетени автомобили , поплавени улици , домови и и објекти е сликата од погоедените места во Северна и Јужна КАролина. 1 , 5 милиони луѓе се сметени во прифантри центри. Метеролозите предупредуваат дека опасноста се уште не е помината, бидејки Флоренс ќе се задржи на погодените подрачја со силен ветер и дожд и во наредните денови.
-
Емилија Штејров
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
