Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
Управниот суд соопшти дека е оформен предмет за тужбата што синоќа ја поднесе Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино и оти итно ги преземат сите процесни дејствија согласно Изборниот законик.
Рокот за одлучување од страна на Управниот суд е 48 часа по приемот на тужбата.
- Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24. Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик, наведува Управниот суд во објава на веб страницата.
ДИК завчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.
Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука