Македонија
14. April 2024 - 16:34

Управен ја прифати тужбата на академијата, предметот назад во ДКСК

Вработувањето кандидати за идни судии и обвинители пак оди на разгледување во антикорупциска. Управниот суд ја уважи тужбата од Академијата со која тврдеше дека антикорупционерите имале судир на интереси, па не смееле да одлучуваат по приговорот на претседателскиот кандидат, Силјановска-Давкова.

„Судечкиот совет најде суштествени повреди по однос на персоналниот состав на Државната комисија за спречување на корупција при одлучувањето и донесувањето на оспорената одлука во однос на веќе донесените одлуки за изземање како и по однос на непостапување по барањата на Академијата изнесени на јавната расправа и како тужбени наводи по однос на изземања на три члена од комисијата“

Управен во својата пресуда наведува и дека антикорупциска недоволно посветила внимание на Изборниот законик во делот за итни и неодложни работи, на што се повикува и Академијата.. Таквите тврдења, ги изнесоа и на вчерашното судско рочиште.

Антикорупционерите негираа судир на интереси. Двајца членови се изземале, а за останатите, барањето не било формално.

Вработувањата во академијата павел шатев се најдоа под лупа на институциите откако Силјановска-Давкова поднесе приговор до антикорупциска. Процесот требало да мирува до завршување на изборниот процес, како што предвидувал Изборниот законик.