Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје
Управата за финансиска полиција денеска поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која, како што информираат, се опфатени сите обвинители за кои сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување во предметот по кој беше извршен претресот во Управата.
Од Управата за финансиска полиција, не информираат колку лица конкретно се опфатени со пријавата.
– Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка, се вели во соопштението до медиуми од Управата за финансиска полиција.
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, минатата недела на брифинг со новинарите најави дека до крајот на неделата ќе поднесе кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска и други обвинители за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули годинава изврши претрес во Управата за финансиска полиција, по што следуваше јавна преписка и обвинувања меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата Арафат Муареми.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев