-->
-->
Уплатил 3 евра на лото добил 163,5 милиони
-->

Џек-потот кој што го освоил италијанецот изнесува 163,5 милиони евра, официјално објавија италијанските весници. Ливчето платено 3 евра било продадено во калабрија на југот на Италија, а неговиот сопственик се уште не е познат.
-Се надевам дека купецот е некој кому навистина му требаат пари, но и дека ќе помисли на нас- рекол продавачот во киоскот каде е продаден тикетот.
Ова е втора по големина награда во италијанското „Суперена Лото“, по најголемата исплатена добивка од 178 милиони евра во 2010 година.
Медиумите веќе делат совети што е најпаметно да се направи со парите. Според британската инвестициска компанија која се пренесува, најпаметно е половина пари да се чуваат.
-Ако се работи за Италија, советот за сопственикот е половина од парите да ги задржи, а за половина да купи злато- велат од таму, наведувајќи ги ниските приноси од обврзниците, високите даноци за недвижнините и нестабилниот пазар на уметнички дела.
-Не е лесно паметно да се потрошат толку пари. Најдобро би било да се постави некој добар систем за климатизација во некоја пештера каде би се чувале сите тие пари- на шега додаваат британските советници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
