УНРВА: Речиси еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели

Речиси еден милион лица го напуштиле градот Рафа во последните три недели, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА), пренесуваат британските меидуми.
Градот на јужниот дел од Појасот Газа е привремен дом на повеќе од еден милион Палестинци кои избегаа од израелските напади во другите делови на енклавата.
Од почетокот на мај, израелската војска спроведува ограничена операција во Рафа, за која вели дека има за цел да ги елиминира милитантите и да ја уништи инфраструктурата што ја користи движењето Хамас, кое владее во Газа.
Цивилите се повикани да се преселат во „проширена хуманитарна зона“ на околу 20 километри.
Многу Палестинци велат дека под закана од израелските напади без разлика каде се наоѓаат и дека во последните неколку месеци постојано се движат напред-назад во Појасот Газа.
Агенцијата на ОН соопшти дека до преселба од Рафа дојде иако луѓето мена каде да одат на побезбедно место во екот на бомбардирања, недостаток на храна и вода, контјнери за отпад и несоодветни услови за живот.
Агенцијата додаде дека „обезбедувањето помош и заштита во вакви ситуации станува речиси невозможно“.
Ново на Сител
-

Осудените лица во струмичкиот затвор добиваат шанса за средно образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Во дигиталниот простор во Македонија најчести се економските измами
-

Тема на денот со Весна Попоска, универзитетска професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Фекални бактерии во чешми и во мусаката во О.У. Димо Хаџи Димов, придонеле за труење кај учениците
-

Скопјани ќе плаќаат поскапо парно: Цената оди нагоре за да се модернизира топловодната мрежа
-

Расте наплатата од даноци и придонеси, граѓаните за два дена ќе ги добијат парите од Мој ДДВ
