Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со зголемен интерес за европските образовни програми и Еразмус+ активности

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е заинтересиран за зголемено искористување на фондовите што ги нуди Европската Унија, за поголема интернационализација и партиципација во европските образовни програми, како и Еразмус+ активности, информираа од Ректоратот на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност, кои денеска во Битола одржаа заедничка работна средба.
Според Лидија Димова, директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, УКЛО е првиот универзитет во државата што ја препозна потребата од предвремено советување со Националната агенција.
-Во последните неколку месеци, пред се во последната година, речиси сите знаат дека средствата за Еразмус на ниво на Европската Унија ќе се зголемат двојно, а можеби и тројно затоа што Европскиот парламент инсистира на уште повеќе средства, а тоа значи дека Европската Унија ќе биде исправена со еден огромен предизвик како да потрошат толку многу пари. Значи, станува збор за огромни средства што ќе бидат ставени на располање на образованието, истакна Димова за време на посетата на УКЛО-Битола.
Во РС Македонија за жал, додаде, овие средства кои и досега ги имавме не беа добро искористени, односно не беа целосно искористени.
-Меѓутоа, капацитетот не беше доволно голем иако мора да признаам дека УКЛО и не стои така лошо во однос на другите универзитети, но, ме радува фактот што конечно еден универзитет побара да чуе што се случува и да се вклучиме во тој процес на дијалог со Европската комисија и градење на капацитетите на Универзитетот за да го зголемиме неговиот апсорпциски капацитет за да може утре да ги искористиме благовремено тие средства, рече Димова.
-Универзитетот заедно со Националната агенција отвора прозорец кон информации со цел да го пробудиме интересот кај студентите за нивна мобилност и патување во странство на универзитетите на државите од Европската Унија или, пак, во регионот. На тој начин, пасошот и индексот да не го користат за патување во еден правец, туку повторно да се вратат во татковината и своето знаење и искуство да го споделат со колегите и заедно со нашите професори да го вградат во Универзитетот. Особено е значајно и затоа ќе посветиме внимание, заедно со Националната агенција во престојниот период да се фокусираме на елементот на искористување на Еразмус програмите и значењето што тие ќе го имаат за домашната, локалната економија, нагласи Ѓуровски.
УКЛО и Националната агенција ќе го зголемат опфатот на институционална соработка и со локалната самоуправа, односно универзитетските единици на УКЛО во општините каде се лоцирани.
Ново на Сител
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
-

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес поради сообраќајна несреќа
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, приведени 55 лицa за безобзирно управување на возило
-

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин
-

Грција одбележува 52 години од студентскиот бунт против воената хунта - Атина под силни безбедносни мерки
