Универзитетот Оксфорд ја утврдува ефикасноста при комбинирање различни вакцини против коронавирус
Универзитетот во Оксфорд ќе се обиде да ја утврди ефикасноста на комбинирање вакцини против коронавирус кај луѓето. Универзитетот регрутира волонтери за првата студија во светот од ваков вид. Доброволците ќе ја примат првата доза од една вакцина и втората доза од вакцина од друг производител, пренесува Гардијан.
Студијата е финансирана од британската Влада. Министрите го опишаа истражувањето како „исклучително важно“. Во студијата ќе учествуваат 820 лица постари од 50 години кои не биле вакцинирани. Тие ќе ја примат првата доза на вакцини АстраЗенека или на Фајзер/БиоНТек. Некои од волонтерите ќе добијат различна вакцина при администрирањето на втората доза во рок од 12 недели, додека други ќе ја примат истата вакцина како и првата доза.
Научниците сакаат да дознаат дали заштитата од комбинирање на вакцини е иста, намалена или поголема во споредба со оние кои примиле две дози од иста вакцина.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори