Loading Video...
Свет
14. јуни 2022 - 12:20

Уништени се сите мостови кон Северодоњецк во конфлитот меѓу украинските и руските сили

Уништени се сите мостови кон Северодоњецк во конфлитот меѓу украинските и руските сили и невозможно е да се испрати хуманитарна помош во градот, информираат локалните власти. 

Велат дека жителите кои останале во градот преживуваат исклучително тешки услови.

-Иако руските сили не го заземаа целосно овој град, сите мостови кои водат до регионалниот центар се уништени, па поради тоа евакуацијата на жителите и превозот на стока се оневозможени, изјави регионалниот гувернер Серхи Хејдеј.

Иако руските трупи немаат целосна контрола на Северодоњецк, сепак контролираат над две третини од градот, кој е еден од главните цели за Русија. 

Според информациите од украинското министерство за одбрана, интензивните борби продолжуваат но, руските сили веќе го контролираат и центарот на градот поради нивната артилериска моќ, што вклучува употреба на повеќе ракетни системи. Поради тоа, Украинскиот претседател Зеленски секојдневно го повикува Западот да испрати воена помош.

Русија, пак, информира дека руските воени трупи собориле и неколку украински летала.

Во меѓувреме, продолжува гранатирањето и на територијата на Доњецк, а една од гранатите го погодила локалното породилиште, на што реагираа претставниците на Обединетите нации. 

Велат дека ова е крајно загрижувачки и секој напад врз цивилната инфраструктура, особено медицинските установи, е јасно кршење на меѓународното право.