-->
-->
Уништена штала во битолско откако во неа удри гром и предизвика пожар
-->
Попладнево во невремето што ја зафати Битола, гром удри во штала над населбата Штрчин веднаш под месноста Смолево. Бил предизвикан пожар по што шталата целосно изгорела, а настрадале 80 овци, 50 јагниња и 3 јуници, кои биле внатре во шталата.
Од територијалната противпожарна единица во Битола интервенирале во 15 часот и 45 минути со две возила и 5 пожарникари, по двочасовна борба со огнот пожарот бил изгаснат, но стоката не можела да се спаси.

Од битолската пожарна велат дека предизвинака е голема материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
