Македонија
28. May 2020 - 16:47

Унифицираното преминување на границите во регионов ќе се договори до крајот на неделава

До крајот на неделава треба да завршат консултациите со земјите од регионот по што ќе се знае кога дефинитивно Македонија ќе ги отвори границите, дали на почетокот или на средината на јуни и под кои услови ќе се патува. Според здравствените власти неопходна ќе биде унифицираност при движењето на граѓаните од една во друга држава, а не едни да бараат тест за Корона, а други не.

-Јас очекувам дека таков договор ќе биде постигнат и наскоро ќе може да носиме одлуки за отворање на границите за целиот овој регион, рече Оливер Спасовски, технички Премиер.

Во меѓувреме откако се замени државниот карантин со домашна самоизилација од 14 дена, 127 македонски државјани на граница покажале негативен ПЦР-тест не постар од 3 дена што е услов да си одат дома. Уште 30-тина други лица кои биле во карантин направиле тестирања на сопстен трошок за да бидат пуштени во домашен надзор.

-По добивањето на негативниот тест државниот карантин се заменува со ново решение за домашна самоизолација, и во тие 14 дена се бројат и деновите поминати во карантинот, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Инаку според податоците од ДСЗИ неделава со негативни ПЦР тестови во земјава пристигнале македонски државјани од Италија, Словенија, Дубаи.