УНИЦЕФ: Се повќе деца се жртви во конфликтот во Сирија

Се повеќе деца се убиени во конфликтот во Сирија, предупреди Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ).
Во извештајот објавен денеска, УНИЦЕФ подвлекува дека минатата година во Сирија биле убиени 50 проценти повеќе деца, отколку претходната година, и предупредува дека оваа година се очекува да биде посмртоносна.
Според податоците на Сирискиот центар за човекови права, околу 200 деца биле убиени во бунтовничката енклава во близина на Дамаск, Источна Гута при бомбардирањето на владините сили од февруари. Во офанзивата на владините сили, 20 проценти од жртвите на офанзивата се деца, истакнува невладината организација со седиште во Лондон.
Во извештајот УНИЦЕФ цитира дете од јужна Сирија, Сами, кое сега е бегалец во Јордан.
- Излегов да си играм на снег со моите братучеди. Падна бомба. Ги видов рацете на мојот братучед како се распарчуваат пред мои очи. Ги изгубив двете нозе, наведе Сами.
Директорот на УНИЦЕФ за Блиски Исток, Герт Капелере наведе дека „децата инвалиди се изложени на реален ризик да бидат запоставени и осудени додека конфликтот продолжува безмилосно“.
Според Детскиот фонд на ОН околу 3,3, милиони деца во цела Сирија се изложени на ризик да дојдат во контакт со експлозивни направи, а десетина училишта беа погодени од бомба само минатата година.
Ново на Сител
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
