-->
-->
УНИЦЕФ: Потребни 14 милиони долари за помош на децата бегалци
-->

УНИЦЕФ денеска соопшти дека потребно е да се обезбедат 14 милиони долари за помош на децата бегалци и имигранти во Европа откако бројот на децата во движење во Европа се зголеми за 80 отсто.
Како што се наведува во соопштението на организацијата, последните расположливи податоци на Евростат покажуваат дека од јануари до јули 2015 година, 133.000 деца побарале азил во ЕУ, што е просечно 19.000 деца месечно, а секој четврти барател на азил е дете.
- Поради големиот број деца во движење, и поради претстојната зима во Европа, наш приоритет сега мора да биде згрижувањето на овие деца, порача специјалната координаторка на УНИЦЕФ за бегалска и имигрантска криза во Европа Мари-Пјер Пуарје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
